Србија ја стопираше набавката на Су-30 од Русија

Русија и Србија ги прекинаа преговорите за испорака на повеќенаменските ловци Су-30.

Русија и Србија ги прекинаа преговорите за испорака на повеќенаменските ловци Су-30. Ова го изјави генералниот директор на „Рособоронекспорт“, Александар Михеев. Според неговите зборови, преговорите за испорака на борбени авиони се водени извесно време, но од српска страна „се појавија проблеми со финансирањето“.

На почетокот на 2009 соопштено е дека Министерството за одбрана на Србија сака да купи неколку ловци кои ќе ѝ дадат надмоќност во воздухот, да уништуваат цели на земјата, како и да го извидуваат теренот. Во април годинава објавено е дека Србија сака од Русија да купи уште шест ловци МиГ-29М/М2, а договорот треба да биде потпишан до крајот на 2013. Покасно соопштено е дека Русија ќе ѝ одобри на Србија извозен кредит за набавка на вооружување и воена техника, вклучувајќи и МиГ-29 и радиолокациски станици. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња