Првиот open-air џез фестивал EverJazz се одржа во саботата во Екатеринбург. Во него учествуваа музичари од неколку држави.
„На фестивалот имаше сѐ, почнувајќи од етно-џез, па се до сериозна авангарда“, изјави директорот на џез клубот EverJazz, Ирина Шчетникова.
Според зборовите на Шчетникова, во фестивалот зеле учество 50 музичари од Шпанија, Италија, Русија, Франција, Швајцарија и Чиле. Меѓу нив: Alain Blesing & Fred Roudet (Франција), LEON (Швајцарија/Италија), Lucien Dubuis Trio (Швајцарија), La Orquesta Del Viento (Чиле), Marc Egea (Шпанија).
Организаторите планираат овој фестивал да се одржува секоја година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче