Геј активисти мавани со камења и јајца на митинг во Санкт Петербург

Во Санкт Петербург беше одржан незакажан митинг за правата на сексуалните малцинства, пренесува РИА Новости.

Во Санкт Петербург беше одржан незакажан митинг за правата на сексуалните малцинства, пренесува РИА Новости. Акцијата траеше околу 40 минути. Геј активистите истакнаа знамиња со симболите на ЛГБТ движењето и извикуваа пароли во знак на поддршка на сексуалните малцинства. Противниците на движењето ги гаѓаа активистите со камења и јајца. Во нередите повредени се неколку лица, меѓу другите и полицаец кој е прснат со солзавец во лицето.

ЛГБТ активистите не ги послушаа апелите на полицијата да се разотидат, после што се приведени со полициски автобус. Во тек е поднесување кривични пријави против нив. Повредени се и осум противници на митингот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња