Министерството за одбрана на Русија наскоро може да потпише договор за набавка на нови 24 ловци МиГ-35, пишува Лента.ру, пренесувајќи ја пораката на генералниот директор на Руската авио-индустриска корпорација „МиГ“, Сергеј Коротков. Според неговите зборови, засега е тешко да се каже кога точно ќе биде потпишан договорот. Најверојатно тоа ќе се случи во јуни или јули годинава. Меѓу РАК „МиГ“ и Министерството за одбрана на Русија во моментов течат преговори за испорака на овие ловци.
Коротков не го наведе точниот број на авиони кој Русија сака да го набави, истакнувајќи само дека договорот планира испорака на 24 авиони. Освен тоа, генералниот директор на корпорацијата „МиГ“ не прецизираше ни колку од тие авиони ќе бидат двоседи (МиГ-35Д), а колку со едно седиште (МиГ-35С), но додаде дека по правило, во сличните договори односот е еден наспрема три (еден едносед на три двоседа). Верзијата со едно седиште се разликува само со зголемениот резервоар за гориво.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче