Руската влада подготвува големи промени во областа на науката

Владата на Русија започнува голема реформа на руската наука.

Владата на Русија започнува голема реформа на руската наука. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев го одобри соодветниот предлог-закон врз основа на кој ќе биде реализирана реформата. Во Државната Дума на Русија истакнуваат дека се подготвени наскоро да го разгледаат предлог-законот.

Според спомнатиот документ, три академии - Руската академија на науки, Руската академија на медицински науки и Руската академија на земјоделски науки - ќе престанат да постојат во сегашниот вид. Наместо нив, ќе биде создадена нова и единствена научна установа во земјата - Руска академија на науките. Таа ќе стане „клуб на научници“ кои ќе бидат „спасени“ од грижите за финансиите и управувањето со имотот на денешната Руска академија на науки - наместо тоа, тие ќе можат исклучително да се занимаваат со научна работа.

Предвидено е чело на новата РАН да биде Владимир Фортов, кој е избран на оваа должност на 21 јуни и на неа треба да остане во следните три години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња