Русија за една година загуби 40 објекти од културното наследство

Во 2012 година Русија загуби 40 објекти од културното наследство - 31 архитектурен објект и 9 археолошки.

Во 2012 година Русија загуби 40 објекти од културното наследство - 31 архитектурен објект и 9 археолошки. Тоа се пет објекти повеќе од 2011 година, пренесува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на директорот на Одделот за контрола, надзор и лиценцирање во сферата на културното наследство во Министерството за култура, Владимир Цветнов.

Во исто време, според неговите зборови, за 54% е зголемен бројот на објекти од културното наследство кои се во добра или задоволувачка состојба.

Според оценките на специјалистите, во Русија во моментов има околу 140.000 споменици на културата и историјата, од кои 25.000 се објекти од федерално значење, а 13 влегуваат во списокот на УНЕСКО. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња