Работна група во Советот на Федерацијата го поканува Сноуден да соработува

Советот на Федерацијата го поканува Сноуден да соработува во истрага.

Работна група од Советот на Федерацијата за откривање на фактите за предавање на информации за Русите на специјалните служби на САД - го повикува на соработка поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден. Ова во четвртокот го соопшти шефот на работната група, сенаторот Руслан Гатаров.

Решението за создавање на оваа група беше донесено на пленарниот состанок на Советот на Федерацијата во средата. Според зборовите на Гатаров, во неа ќе влезат како законодавците, така и претставниците на МНР на Русија и обвинителите. Првите резултати од истрагата треба да бидат достапни во октомври.

„Ние го покануваме Едвард Сноуден да соработува и се надеваме дека веднаш откако ќе го регулира својот правен статус, тој ќе соработува со нашата работна група и ќе ни даде докази за пристапот на специјалните служби на САД до серверите на интернет-компаниите“, изјави Гатаров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња