Околу 2% од руските матуранти нема да добијат свидетелства

Нема свидетелства за 16.500 матуранти во Русија.

Началникот на управата за оценување на квалитетот на образованието, Евгениј Семченко, изјави дека околу 2,25% од матурантите нема да добијат свидетелства. Според зборовите на Семченко, тоа се отприлика 16.500 луѓе.

Минатата година свидетелства не добиле повеќе од 25.000 луѓе, што е околу 3,5%. Оваа година Единствениот државен испит го полагаа 860.000 луѓе, од кои 754.000 се матуранти од 2013 година. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња