Изложба за царските балови ќе се отвори во музејот „Царицино“

На изложбата ќе бидат достапни 500 експонати кои посетителите ќе можат да ги погледнат до 13 октимври годинава.

Изложбата „Големиот бал“, на која ќе бидат претставени експонати кои раскажуваат за 300-годишната историја на руските балови, се отвори во Екатеринската сала на дворецот „Царицино“.

Како што пренесува РИА Новости, главен дел на изложбата ќе бидат „Царските балови“. Посетителите ќе можат да се запознаат со баловите организирани во чест на крунисувањата на руските императори Александар II и Николај II, а исто така и со познатиот бал во костими од 1903 година во Зимскиот дворец, кога сите гости носеле костими од ерата на царот Алексеј Михајлович.

На изложбата ќе бидат достапни 500 експонати кои посетителите ќе можат да ги погледнат до 13 октимври годинава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња