Информацијата за затворање на руската амбасада во Дамаск Лавров ја нарече „провокација“

Коментар на рускиот министер за надворешни работи.

Информацијата за затворање на амбасадата на Русија во Дамаск и пунктот за материјално-техничкото обезбедување на бродовите во Тартус, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавов ги окарактеризира како „провокација“. „Овие информации се само шпекулација и провокација, кои, очигледно е дека се пласираат за да се подготви јавноста за интензивирање на обидите да се промени режимот“, рече Лавров.

Министерот додаде дека амбасадата работи вообичаено. Меѓутоа, дипломатската мисија работи “во доста неполни и опасни услови, што руското раководство доста го цени“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња