Елена Исинбаева реши да ја прекине спортската кариера

Познатата руска спортистка Елена Исинбаева изјави дека планира да земе пауза во својата кариера после завршувањето на светскиот шампионат кој годинава ќе се одржи во Москва. Решението на Исинбаева е поврзано со желбата таа да добие семејство и дете.

„Јас би сакала да направам пауза во кариерата, да се мажам и да родам дете“, изјави во средата 31-годишната Русинка за време на прес-конференцијата во Острава (Чешка). „Јас многу мислев на тоа, а и самата пауза има свои плусови и минуси. Секако, во мојата глава е и Олимпијадата 2016 во Рио де Жанеиро. Би било убаво да можам да освојам таму уште еден олимписки медал“.

Ќе напомниме дека ова не е прва таква изјава на Исинбаева. Последен пат таа изјави дека нема да продолжи со кариерата во Шангај и после Олимписките игри во Лондон.

Двократната олимписка шампионка (2004,2008), шестократна светска шампионка, двократна европска шампионка, сопственичка на бронзен медал од Олимпијадата во 2012, 28 светски рекорди за скокови со стап во женска категорија - после сево ова, Исинбаева изјави дека е изморена. Останува да се надеваме дека таа ќе се премисли и ќе продолжи да учествува на следните натпреварувања.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.