Во Петербург исчезна инженерот Јуриј Аркутанов, познат по својата идеја за „вселенски лифт“.
Аркутанов не бил дома кога неговиот син на 22 јуни дошол во посета кај својот татко. Синот следниот ден се обратил во полицијата.
Во потрагата по 84-годишниот инженер, освен полицијата, вклучени се и волонтери. Полицијата е уверена дека исчезнувањето на Аркутанов нема криминален карактер. И порано тој знаел на подолго време да ја напушти својата куќа.
Аркутанов е еден од авторите на идејата за „вселенски лифт“ како економичен начин Земјата да се поврзи со орбитата. Неговата концепција предвидува спуштање на кабел од сателит кој се наоѓа во геосинхрона орбита. Реализацијата на овој проект во реалноста е далеку потешка, бидејќи не постојат доволно цврсти материјали од кој ќе биде изграден кабелот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче