Михаил Пиотровскиј во текот на следниве 6 месеци ќе подготви и претстави концепција за создавање на пет филијали на Ермитаж во руските градови. Ваква наредба тој доби вчера од министерот за култура на Русија, Владимир Медински.
„Создавањето на пет филијали на Ермитаж на територијата на Русија - е наредба на владата. Ајде да определиме рокови - за шест месеца, до декември, подгответе и претставете концепција за создавање на тие центри“, изјави министерот, обраќајќи се на Пиотровски.
Првично како градови во кои можат да се отворат филијали на овој најпознат музеј во Русија се предвидуваат Омск, Екатеринбург и Калининград.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче