Руската ракета-носач „Сојуз-СТ“ успешно изведе на орбита четири европски комуникациски сателити. Ова го изјави компанијата „Аријанаспејс“, која управува со космодромот во Француска Гвајана, од каде ракетата беше лансирана.
Вкупната маса на сателитите изнесува 2,8 тони. Овие апарати ќе обезбедат телекомуникациска врска и Интернет за корисниците во Азија, Африка, Австралија, Јужна Америка и на Блискиот Исток.
До крајот на 2014 година во орбитата треба да бидат изведени уште осум сателити О3b. Ова ќе обезбеди целосна покриеност со Интернет за жителите на најсиромашните земји во светот. Користењето на полесни сателити (со маса од околу 650 кг), за разлика од традиционалните геостационарни (од 4 до 6 тона) - ќе ја направи интернет-врската далеку поевтина.
Ракетата-носач „Сојуз“ по петти пат стартува од космодромот Куру во Француска Гвајана. Благодарејќи на близината на космодромот кон екваторот, „Сојуз“ може одовде да изведува на орбита далеку потешки сателити, отколку од Бајконур или Плесецк.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче