Русија во догледно време сака да ја зголеми атомската генерација, користејќи најсовремени и најбезбедни реактори. Ова на 26 јуни го изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на посетата со Јукиј Амано, претседател на Меѓународната агенција за атомска енергетика.
„Планираме во догледно време да ја зголемиме атомската генерација, и тоа благодарејќи на најсовремените и најбезбедни технологии. Го имам предвид реакторот VVER. Тоа е реактор кој е изграден со користење на најсовремените технологии и е максимално сигурен. Сметаме дека ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата соработка, но и дека ќе ја имаме вашата поддршка за сите наши потфати“, изјави Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче