Во Калининград губернаторот на областа, Николај Цуканов се сретна со претседателот на македонската влада, Никола Груевски.
„Ние разговаравме за можноста за развивање на деловните и културните врски, соработка во сферата на туризмот и земјоделието. Владата на областа е подготвена да предложи за реализација неколку конкретни инвестициски проекти. „Ние сме среќни да ја развиеме нашата соработка со Македонија и се договоривме со господинот Груевски да подготвиме договор за соработка меѓу Македонија и Калининградската област“, изјави Николај Цуканов.
Груевски изјави дека ја смета Калининградската област на Русија за приоритетен регион за соработка: „Целта на нашата посета е зацврстување на економските и политичките врски со Руската Федерација. Вие можете да се гордеете со вашиот постојан развој и раст на економијата. Калиниградската област е одличен пример за успех. Ние веќе соработуваме со многу големи руски компании и се надеваме на соработка и со калининградските бизнисмени“, изјави Груевски.
Големо внимание за време на средбата е посветено на соработката во сферата на туризмот, земјоделското производство, фармацевтската индустрија и трговијата. За заедничка реализација се предложени стратешки инвестициски проекти за Калининградската област: изградба на ново пристаниште, реконструкција на аеродромот Храброво, изградба на фудбалски стадион и спортска инфраструктура во регионот, како и проекти од областа на рекреативниот туризам. Исто така, на средбата се разговараше за можностите за културна и научна размена, на пример, учество на македонски студенти кои зборуваат на руски и англиски на меѓународниот летен камп „Балтички Артек“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче