Според информација на РИА Новости, во Хорошевскиот реон на северот на Москва ќе се појави улица која ќе го носи името на неодамна починатиот венецуелски претседател. Ова го изјави претседателот на комитетот за врски со јавноста, Александар Чистјаков.
Чистјаков појасни дека било донесено решение за преименување на девет проектирани улици и еден мост. Тој додаде дека улицата која ќе го добие името на Уго Чавез е долга 170 метри и претставува мало и добро опремен плоштад кој води кон еден од хотелите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче