„Јасно е дека уште не гледаме можност за конкретен датум за одржување на конференција за Сирија, пред сѐ, бидејќи опозицијата не е спремна да учествува без претходно поставување услови“, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. „Овде се надеваме на залагањата на нашите западни партнери, првенствено на САД, кои се обврзаа дека ќе добијат согласност од опозицијата“, подвлече дипломатот.
Исто така, министерот смета дека државниот секретар на САД, Џон Кери ќе ја објасни позицијата на Вашингтон околу Сирија во текот на состанокот од 1 до 2 јули.
Во меѓувреме властите на САД и Велика Британија им дадоа на експертите во ООН детален извештај за наводните случаи на користење на хемиско оружје од страна на сириските владини трупи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче