Русија останува „непријател број еден“ за САД, и делото околу Едвард Сноуден - е само врвот на ледената санта, пишува The Foreign Policy. После сето тоа што се случи со Русија во ХХ век, изненадувачки е тоа како таа земја преживеа, но уште поизненадувачки е тоа што таа процветува како на политички, така и на економски план, се кажува во статијата.
Изданието напомнува дека американскиот политичар Мит Ромни беше жестоко критикуван кога ја нарече Русија „геополитички непријател број еден“. Според мислењето на весникот, тој бил во право. Како пример The Foreign Policy ја наведува ситуацијата со Сноуден, на кој Москва му помага да се скрие од органите на правдата на САД.
Минатата есен Ромни му напомна на американското општество дека дури и после многу години од крајот на „студената војна“, големите геополитички држави сѐ уште имаат значење, се забележува во статијата. Доколку се игнорира и потценува тоа, САД би доживеале целосно глобално фијаско, заклучува изданието.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче