Apple отвори официјална интернет-продавница во Русија

Во интернет-продавницата ќе може да се нарачаат популарните модели на iPhone, iPod, iPad, Mac компјутерите и др.

Американската компанија Apple отвори интернет-продавница на која ги нуди своите производи и софтверски решенија на руските граѓани. Купувањето на iPhone или iPad од вчера ќе може да се врши преку официјалната страница на компанијата во Русија.

Досега овие популарни производи можеа да се купат во Русија само преку дилери или мобилни оператори кои склучиле договор со американската компанија.

Во интернет-продавницата ќе може да се нарачаат популарните модели на iPhone, iPod, iPad, Mac компјутерите и др.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.