Меѓународната независна агенција за рејтинг Universal Credit Group, создадена од компании од Кина, Русија и САД - започна со својата работа во вторникот, пренесува AP.
Структурата треба да биде конкуренција на трите главни агенции за создавање рејтинзи во светот - Moody's, Standard & Poor's и Fitch. Претходно таа „голема тројка“ беше обвинета дека ја потпомагаат светската финансиска криза со давање високи рејтинзи за хипотекарните и други кредити, што не соодветствувало со реалноста.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче