Асоцијацијата на европскиот бизнис во Русија ги претстави резултатите на годишното истражување „Стратегиите и перспективите на европските компании во Русија“.
Според податоците од истражување, инвестициската привлечност на Русија се намали: се намалил оптимизмот околу влегувањето во СТО, а промената на власта после изборите во 2012 година, според мислењето на анкетираните, не влијаеше врз намалувањето на бирократијата и корупцијата.
Според зборовите на генералниот директор на „ГФК-Гус“, Александар Демидов, и покрај намалувањето на растот на руската економија, на фонот на кризата во Европа Русија останува привлечен пазар и покажува голем потенцијал за понатамошен развој.
78% од компаниите кои учествуваа во анкетата го зголемиле својот обрт на средства во 2012 година.
Општо земено, компаниите прогнозираат економски раст, но оптимизмот во споредба со минатата година е намален. На пример, ако во 2012 година за зголемување на инвестициите зборувале 74% од анкетираните менаџери, оваа година само 66% се решаваат за таков чекор.
„Разочарување на годината“ за анкетираните е влегувањето на Русија во СТО. Според анкетата, позитивно влијание од ова имале само 28% од компаниите, а само една година порано 58% изјавиле дека очекуваат позитивни измени после влегувањето на Русија во СТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче