„Господинот Сноуден навистина дојде во Москва. За нас тоа беше сосема неочекувано. Тој дојде како транзитен патник и нему не му се потребни ниту виза, ниту други документи. Тој како транзитен патник има право да купи билет и да одлета каде и да посака. Тој не ја помина државната граница, и затоа не му е потребна виза. И било кои други обвинувања насочени кон Русија - се апсолутна глупост. Тој сѐ уште се наоѓа во транзитниот дел на аеродромот“, рече Владимир Путин.
Според зборовите на Путин, руските специјални служби никогаш не работеле со Сноуден, а и сега не работат. „Што се однесува до можната екстрадиција некаде, ние можеме да екстрадираме само странски граѓани во држави со кои имаме соодветни меѓународни договори за екстрадиција. Со САД ние немаме таков договор“, забележа рускиот претседател. Тој подвлече дека на територијата на Руската Федерација Сноуден не извршил никакви престапи. Тој, како и Џулијан Асанж, „се смета за борец за распространување на информациите“.
„Поставете си прашање: треба ли да се екстрадираат таквите луѓе за да одат во затвор, или не треба? Во секој случај, јас лично претпочитам да не се занимавам со вакви прашања. Еве, господинот Милер и господинот Бортников нека се позанимаваат со решавањето на ова прашање. Се надевам дека тоа на никаков начин нема да се одрази на односите со САД. И се надевам дека нашите партнери тоа ќе го разберат. Господинот Сноуден е слободен човек. Колку побргу тој ја избере финалната точка на своето патување, толку подобро и за него и за нас“, изјави Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче