Русија, САД и ООН не се договорија за датум за конференција за Сирија

Во Женева заврши средбата на претставниците на Русија, САД и ООН за подготовка на меѓународна конференција посветена на Сирија.

Во Женева заврши средбата на претставниците на Русија, САД и ООН за подготовка на меѓународна конференција посветена на Сирија. Преговорите траеја неколку часови, но сепак, страните не успеаја да ги усогласат своите ставови за одржување на „Женева -2“. Ова го пренесува РИА Новости.

Руската делегација на конференцијата беше претставена од заменикот на министерот за надворешни работи, Генадиј Гатилов и Михаил Богданов. Од САД во Женева пристигна заменикот на државниот секретар, Венди Шерман, а ООН е претставен од Лахдар Брахими.

Претходно Брахими изјави дека сегашните преговори на учесниците се во правец на усогласување на учесниците во идната конференција за Сирија, како и за датата за нејзино одржување.

„За одржување на следни средби во ваков формат не се договаравме, и, очигледно, тоа прашање ќе се решава покасно“, изјави Гатилов.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.