Малиот бизнис го повикуваат да работи за одбранбениот комплекс на Русија

Со надеж да се возроди поранешното технолошко лидерство, руските власти се обидуваат да го привлечат малиот бизнис во воено-индустрискиот комплекс.

Сѐ повеќе мали компании се вклучуваат во државните нарачки за оружје - според последните официјални податоци, веќе 37% од сите вооружувања се произведуваат во компании во кои не работат повеќе од 100 луѓе. Но ситуацијата не е таква каква што посакуваат руските чиновници - во САД 50% од малите компании ги произведуваат воените нарачки за тамошната армија.

Како што покажува светската праска, работата во ВИ комплекс може да даде импулс на развојот на технологијата, исто како и зголемување на улогата на малиот и средниот бизнис и БДП-то на државата.

Самите индустријалци позитивно ги оценуваат обидите на руската влада да воведе ред во ВИ комплекс. За нив тоа е еден вид решавање на проблемите кои постојат, како и дефинирање на нивната перспектива во иднина. „Ние не знаеме вака во кој правец да работиме, што ќе ѝ биде потребно на државата за 5-6 години. Во овој правец би било полезно создавањето на информациона база за потребите на Министерството за одбрана за новите видови вооружување и технологии. Тогаш ние би знаеле во кој правец да ги водиме нашите научни истражувања“, изјави Владислав Шипилов.

Според податоците на руската влада - во 2009 година сумата на државните воени нарачки изнесуваше околу 31,4 милијарди долари, во 2010 - 34,5 милијарди долари, во 2011 - нешто повеќе од 22 милијарди долари, а во 2012 - 27,6 милијарди долари.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.