Доаѓањето на летото ја зголеми потребата од најнеобичните и најубавите полициски сили - коњските. Можеби наскоро присуството на коњските полициски сили ќе стане задолжителен во сите московски одделенија на МВР.
Портпаролот на Управата за обезбедување на јавниот ред при МВР во Москва, Наталија Сафонова соопшти за „Росијскаја газета“ дека патролите со полициски коњи чуваат 20 паркови во 10 реони на главниот град. Нивната задача е да набљудуваат да не се појави пожар, како и да не се дозволи палење на пожар, заштита на граѓаните од криминалци и ситни крадци, како и давање помош на оние на кои им е потребна.
Во Москва полицијата располага со 253 коњи за кои се предвидени 395 полицајци. Околу третина од овие полицајци - се девојки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче