Изложбата „Покрстувањето на Русија“ ќе се отвори во метрото во Москва

За посетителите изложбата ќе биде отворена од 25 јуни до 10 септември за време на работното време на метрото во Москва. Влезот е слободен.

На метро станицата „Висавочнаја“ во Москва во вторникот за прв пат се отвори црковна експозиција - „Покрстувањето на Русија“ - по повод 1025-годишнината од христијанизацијата на Русија и возобновувањето на црковниот живот на територијата на Советскиот Сојуз пред 25 години.

„Таму ќе бидат претставени фотографии посветени на 1025-годишнината на покрстувањето на Русија и на 25-годишнината од возобновувањето на црковниот живот. Празнувањето на христијанизирањето на Русија (во 1988 година) беше почетна точка, време кога започна возродувањето“, изјави заменикот претседател на информативниот оддел во Московската патријаршија, Игор Мешчан.

За посетителите изложбата ќе биде отворена од 25 јуни до 10 септември за време на работното време на метрото во Москва. Влезот е слободен.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.