Државниот секретар на САД, Џон Кери, изјави дека Стејт департментот нема да стапува во конфликт во Русија поради Едвард Сноуден. Ова го пренесува Ројстерс.
„Нема потреба од конфронтација со Русија“, изјави Кери.
Во исто време, шефот на Стејт департментот изрази надеж дека Русија нема да биде заинтересирана да ги штити лицата кои се скриваат од правдата во САД.
Претходно Кери изјави дека отсуството на Сноуден на авионот за Хавана можеби претставува добар знак.
„Јас се надевам дека е добар знак тоа што тој не беше во авионот. Но јас не планирам да судам однапред, туку само можам да кажам дека тоа прашање за нас е важно, и се надевам дека сѐ ќе излезе како што треба“, изјави Кери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче