Во Русија најзадолжени со кредити се граѓаните во Чукотка, Москва и Дагестан

Од сите региони во Русија, жителите на Татарстан се најмалку задолжени во банките.

Меѓу регионите во кои граѓаните имаат најмногу обврски кон банките, освен Москва и Санкт Петербург, се најдоа и Калмикија и Тива, која воедно е и најсиромашна република во составот на Руската Федерација. Висока кредитна задолженост имаат и граѓаните на Дагестан. Во Калмикија, Тива и Дагестан просечниот граѓанин е задолжен со 150.000 денари во банките. За ова сведочи рејтингот за задолженоста на жителите во Руската Федерација, подготвен од бирото за кредитни истории „Еквифакс“.

Најголема задолженост во Русија имаат граѓаните во Чукотка, каде долгот на секој граѓанин во банките изнесува околу 200.000 денари. Иако е најзадолжен регион во Русија, Чукотка е воедно еден и од најбогатите региони во државата.

Средната плата на жител во Чукотка изнесува околу 1.100 евра месечно. Само за споредба, во Москва средната плата изнесува 1.200 евра.

Од сите региони во Русија, жителите на Татарстан се најмалку задолжени во банките. Тоа се објаснува со високите плати на жителите на Татарстан, како и со ниските цени на продуктите, што ја анулира потребата да се подигнуваат кредити. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.