Сноуден е во Русија и Путин не го дава

Путин не се согласува да го екстрадира Сноуден.

Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека бившиот соработник на ЦИА се наоѓа во Москва, но нема намера да го екстрадира во Москва.

„Што се однесува до можноста да го предадеме било каде, тоа е можно само во држави со кои имаме договори за екстрадиција. Со САД таков договор немаме. А на територијата на Русија, господинот Сноуден фала Богу, нема направено никакво кривично дело.“ - изјави Путин.

При тоа, тој појасни дека бившиот соработник на ЦИА се наоѓа во транзитниот дел на аеродромот и затоа не му треба руска виза. „Како транзитен патник, може да лета каде сака. Тој не ја преминува руската граница и виза не му треба. И секакви обвинувања на адреса на Русија се глупости.“

Путин исто така потенцираше дека руските служби никогаш не работеле ниту работат со Сноуден. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња