Пред 68 години на Црвениот плоштад се одржа Парадата на победата

Парадата траела 122 минути. Дождот постојано паѓал додека парадата траела. На парадата учествувале 24 маршали, 249 генерали, 2.536 други офицери и 31.116 подофицери и офицери.

На 24 јуни 1945 година на Црвениот плоштад се одржа Парадата на победата. Тоа била историска парада во чест на победата на СССР над фашистичка Германија во Големата татковинска војна. Рапортот на командантите во парадата го прими заменикот на Врховниот командант, маршалот на Советскиот Сојуз, Георгиј Жуков. Со парадата командуваше маршалот на Советскиот Сојуз, Константин Рокосовски.

За учество во свеченоста биле формирани и подготвени комбинирани полкови од единици од секој фронт за време на војната. На чело на полковите биле команданти од сите фронтови. Одлучено е од Берлин да се донесе Црвеното знаме кое било подигнато на Рајхстагот. За секој комбиниран полк специјално е избран омилениот воен марш на војниците.

Утрото на 24 јуни 1945 година било облачно и врнежливо. До 9 часот гранитните трибини кај ѕидините на Кремљ биле исполнети до последното место. Овде се наоѓале членовите на Врховниот Совет на СССР, работниците во народните комесаријати, културни работници, претставници од Академијата на науки на СССР, работници во московските фабрики, великодостојници на Руската православна црква, странски дипломати и многубројни гости од странство. Во 10 часот, заедно со отчукувањата на часовникот на Кремљ, Георгиј Жуков на бел коњ се појавил на Црвениот плоштад, со што се означил почетокот на парадата.

Парадата траела 122 минути. Дождот постојано паѓал додека парадата траела. На парадата учествувале 24 маршали, 249 генерали, 2.536 други офицери и 31.116 подофицери и офицери. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња