Новиот министер за економија на Русија му вети на Путин дека нема да дозволи рецесија

Алексеј Уљукаев му се заблагодари на претседателот на Русија за укажаната доверба која му ја укажал со тоа што го постави за министер за економија.

 Новиот министер за економски развој, Алексеј Уљукаев смета дека најважна задача во блиска иднина е спречување на економската рецесија и исполнување на сите државни обврски кон граѓаните. Уљукаев потоа има намера да ги постави темелите за сериозен и реален долгорочен економски раст.

Извршувањето на обврските кон државата мора да биде спроведено со напорна работа, изјави Уљукаев. Тоа не смее да зависи од евентуален успех или неуспех, од тоа дали нафтата е добра или не. Уљукаев нагласи дека диверзификацијата на економијата и поставувањето на ефикасни механизми мора да мора да се изврши за да се реализираат обврските и ветувањата кон граѓаните.

Длабоко сум уверен дека инвестициите сега го решаваат проблемот, додаде Уљукаев и продолжи: Ние мораме со заеднички напори да создадеме поволни услови за приватните инвестиции, мораме да им помогнеме на државните инвестиции, мораме да ги одбереме најдобрите проекти. Само така ќе го постигнеме нивото на побарувачка и нивото на економска активност кои ќе можат да понудат висок и стабилен економски раст.

Алексеј Уљукаев му се заблагодари на претседателот на Русија за укажаната доверба која му ја укажал со тоа што го постави за министер за економија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња