Конструкторот на најпознатата пушка во светот, Михаил Калашников вчера беше примен во болницата во Москва. Тој изјави дека се чувствува добро. „Се чув со него по телефон и тој рече дека се чувствува добро“, пренесува синот на конструкторот, Виктор Калашников.
Според неговите зборови, Михаил Калашников е хоспитализиран поради планирано медицинско испитување. „Не се случи ништо вон планираното и вообичаеното, само е одлучено испитувањата да се извршат во Москва, бидејќи таму се најдобрите професионалци“, соопшти Виктор Калашников.
Легендарниот конструктор на 23 јуни со авион полета од Ижевск накај Москва, каде беше одведен во Централната воена клиника „Мандрик“.
Лекарите состојбата на конструкторот ја оценуваат како „стабилна, но тешка“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче