САД сметаат на разбирање и помош од страна на Москва околу „делото Сноуден“, но притоа продолжуваат да ја критикуваат власта во Русија и во некои други држави. Портпаролот на американскиот претседател, Џеј Карни му пренесе на кореспондентот на ИТАР-ТАСС дека не гледа во тоа никакво противречие.
Одговарајќи на прашање на една од америкнаксите новинарски за мотивите и дејствата на Едвард Сноуден, кој избега од САД и ги откри тајните владини програми за електронско следење во државата и во светот, Карни изјави: „Тврдењето на Сноуден дека тој ја поддржува транспарентноста, слободата на печатот, заштитата на правата на личноста и демократијата не се сврзуваат со тие заштитници кои тој си ги избра. Како што гледаме, тоа се Кина, Русија и Еквадор. Фактот дека тој не ги критикува тие режими покажува дека неговиот првичен мотив е да се нанесе штета на националната безбедност на САД, а не да се заштитат слободите во Интернет и слободата на зборот“.
Меѓутоа, малку пред тоа, Карин ја повика Москва „да ги разгледа сите можни варијанти за екстрадиција на Сноуден во САД за да му се суди“.
На прашањето што би значело откажувањето на Русија да го испорача во САД Сноуден, Карни одговори дека „двостраните дискусии продолжуваат“ и дека тој „создава сценарија за можниот исход“ на тој процес.
Карни беше прашан зошто Барак Обама не му заѕвонил на рускиот колега, и зошто воопшто нема лично учество од страна на американскиот претседател во ова дело, а како одговор тој рече дека претседателот е информиран и ги слуша отчетите на потчинетите, но и дека реалната работа се одвива на „соодветните нивоа - во дипломатските и правните органи“, и дека личното вмешување на шефот на државата во ова во моментов не е потребно.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче