Руските космонаути ќе поминат шест часови во отворена вселена

Руските комоснаути Фјодор Јурчихин и Александар Мисуркин ќе го извршат вториот под ред излез во отворена вселена во оваа година. Овие космонаути се дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица.

Руските комоснаути Фјодор Јурчихин и Александар Мисуркин ќе го извршат вториот под ред излез во отворена вселена во оваа година. Овие космонаути се дел од екипажот на Меѓународната вселенска станица. 

Тие денес во 18:35 часот по московско време ќе излезат во отворена вселена и ќе поминат шест часови работејќи во компјутеризираните скафандри „Орлан-МК“ со ЛЦД екрани на градите.

За Мисуркин ова ќе биде прво излегување во отворена вселена, а за Јурчихин, за разлика од неговиот колега, ова ќе биде петто излегување. Во неговата кариера тој поминал во отворена вселена 21 час и 54 минути.

Тие ќе заменат еден од панелите на регулаторот за потрошувачката на течност од блокот „Зора“, ќе инсталираат научна апаратура и мал истражувачки модул. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња