Јак-130 ќе стане лесен борбен авион

Новиот авион кој го создадоа инженерите од конструкторското биро „Јаковлев“ е вистинска сензација на аеро-митингот во Ле Бурже.

Новиот авион кој го создадоа инженерите од конструкторското биро „Јаковлев“ е вистинска сензација на аеро-митингот во Ле Бурже. Неговата функционалност и добрата применливост како авион за обука, а со тоа и добрите маневарски способности - ги импресионираа дури и скептичните странски експерти.

На изложбите како МАКС, Фарбборо и Бурже, Јак-130 е претставен како школски авион, кој, секако, може да носи и борбена опрема: топови, ракети и бомби.

Во моментов се работи на зацврстување на конструкцијата на авионот, а со тоа да се направи од него лесен борбен авион. Во него би требало да се инсталира систем за радарско попречување, како и оптичко-електронска опрема за контрола на оружјето, систем за дополнување на гориво во лет и др.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња