Групата „Џиндулах“ ја презеде одговорноста за смртта на Украинците и еден граѓанин на Русија во Пакистан

Исламската терористичка група „Џиндулах“ од Пакистан ја презеде одговорноста за убиството на странските туристи, меѓу кои се и пет украински државјанин и еден руски, пренесува „Ројтерс“.

Исламската терористичка група „Џиндулах“ од Пакистан ја презеде одговорноста за убиството на странските туристи, меѓу кои се и пет украински државјанин и еден руски, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на изјавата на претставникот на групата, Ахмед Марват. „Тие странци се наши непријатели, и ние со гордост ја преземаме одговорноста за нивното убиство, и во иднина ќе продолжиме да вршиме напади“, изјави Марват.

Групата „Џундулах“ порано повеќе пати извршувала убиства на муслимани-шиити на северот на Пакистан, а во февруари 2012 година нејзини припадници усмртија 18 шиити кои се возеле со автобус.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња