Британската рок-група Deep Purple во рамките на турнејата за промоција на нејзиниот нов албум, во ноември ќе одржи во Русија два концерта, пренесува Интерфакс.
На 6 ноември колективот ќе настапи на стадионот „Олимписки“, а на 8 ноември ќе се одржи концерт во Ледениот дворец во Санкт Петербург.
45-годишниот јубилеј оваа култна група ќе го одбележи со промовирање на својот нов албум "Now what?!".
Групата Deep Purple за време на своето постоење има продадено повеќе од 100 милиони плочи, а има одиграно една од главните улоги во развојот на рок-музиката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче