Експертите за лов се загрижени поради зголемениот број мечки во шумите на Томската област во Русија. Имено, за година дена бројот на мечки се зголеми за 9%, со што значајно се надмина нормата за овој регион, во кој минатата година беа регистрирани 8.867 мечки, а оваа година - 9.741.
Експертите сметаат дека причината за тоа е изменетото времетраење на ловната сезона во регионот. Веќе неколку години ловот на ова животно е забранет за време додека е во зимски сон. Освен тоа, во регионот има помалку искусни и храбри ловци кои се подготвени со денови да бараат мечки.
Последиците од поголемиот број мечки се почестите посети на населбите, каде тие бараат лесно достапна храна. Притоа оваа пролет мечките биле помалку заинтересирани за медот кај колониите пчели, а повеќе за стоката во регионот.
Судејќи според податоците на РИА Новости, бројот на мечки е зголемен во цел Сибир. Итата појава е забележана и во Иркутската област, Бурјатија и Краснојарск.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче