Сноуден во Москва го зеде автомобил со дипломатски таблички директно од пистата

Автомобил со дипломатки таблички го зеде Сноуден од пистата на аеродромот во Москва.

Поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, според досегашните податоци, го пречека автомобил со дипломатски таблички директно од пистата на аеродромот Шереметјево, соопштува за РИА Новости еден од патниците во авионот.

Тој изјави дека околу авионот стоел автомобил со црвени дипломатски броеви. Во меѓувреме, толпа новинари го чекаат Сноуден на терминалот Ф, каде слета авионот од Хонгконг.

Денес стана јасно дека Сноуден полета од Хонгконг со авион на „Аерофлот“ во Москва. Финална дестинација на неговото патување, според хонгконшките медиуми е Исланд или Еквадор. Тоа го сведочат и дипломатските регистарски таблички на автомобилот кој го пречека Сноуден на аеродромот, а за кој се верува дека се на Еквадор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња