„Нашата земја од 90-те години се соочува со најголемата демографска криза. Нејзините последици сѐ уште во целост не сме ги почуствувале. Меѓутоа, таа ќе се одрази на економијата, социјалната сфера и индустрискиот развој на земјата“, ги пренесе Интерфакс зборовите на претседателот на Русија на 11-от Светски конгрес на перинатална медицина.
Путин истакна дека заштитата на мајчинството и децата се едни од приоритетите на државната социјална политика на Русија. Статистичките податоци покажуваат дека во Русија секоја година се раѓаат речиси два милиона деца. „Минатата година наталитетот и морталитетот за прв пат дојдоа до рамнотежа, а смртноста кај новороденчињата во последниве 10 години се намали за 50%“, изјави Путин. Притоа, тој напомна дека голема заслуга за оваа состојба има перинаталната медицина, која стана клучен правец во здравствената заштита.
Според податоците на лекарите, околу 55,6% од смртните случаи кај новороденчињата и 44% од смртните случаи кај децата до 5 години имаат „перинатална“ причина, т.е. тие се предизвикани од периодот за време на бременоста. Претседателот вети дека во оваа област на здравствена заштита и понатаму ќе се вложуваат значајни државни средства.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче