Руското конструкторско биро Беркут ќе се претстави со истоимениот лесен хеликоптер двосед на Меѓународниот авиосалон МАКС 2013 кој ќе се одржи од 27 август до 1 септември во градот Жуковски под Москва.
Премиерата на новиот хеликоптер е одржана на изложбата во 2011 година. Машината за прв пат се вивна во воздухот оваа година.
Хеликоптерот Беркут има маса од 740 килограми, развива брзина од 174 километри на час, а далечината на летот му е 380 километри. Се предвидува тој да биде поевтин од странските аналози за 1,7 до 2,5 пати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.