На Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург склучени се 102 договора

Огромен успех на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, годинава компаниите склучија 102 договора во вредност од речиси 22,3 милијарди евра, без да се смета договорот на „Роснефт“ со Кина, соопшти заменикот на министерот за финансии, Сергеј Белјаков.

„Оваа година потпишани се 102 договора во вредност од 22,3 милијарди евра“, ги пренесува РИА Новости зборовите на Белјаков.

Тој подвлече дека сумата е показател со кој се мери успехот на Форумот.

„Роснефт“ на Форумот потпиша уште неколку договори, вклучувајќи и договор за испорака на нафта во Кина во период од 25 години во вредност од 270 милиони долари.

Во 2012 година на истиот меѓународен форум беа потпишани договори во вредност од 8,3 милијарди евра.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.