Властите на Русија се обидуваат да го решат судскиот спор со Иран, убедувајќи го раководството на таа држава да се откаже од барањето за компензација поради раскинувањето на договорот за испорака на зенитни ракетни комплекси С-300, пишува „Комерсант“.
Москва ја разгледува можноста за испорака на комплекси „Антеј-2500“ на Техеран, кои формално не влегуваат во указот на поранешниот претседател на Русија, Дмитриј Медведец, за ограничување на воено-техничката соработка со Техеран. Експертите сметаат дека властите на Иран има шанси да се согласат со тој компромис.
Тоа прашање може да стане едно од клучните за време на средбата на претседателот на Русија, Владимир Путин со неговиот ирански, која се очекува да се одржи на 1 јули.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче