Едвард Сноуден може да побара политички азил во Русија

Сноуден ќе остане во Русија?

Како што пренесува „Интерфакс“, повикувајќи се на извор од опкружувањето на поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден после Москва може да замине во Куба, а може и да остане во Москва: „Каде ќе реши да полета од Москва, не е познато. Можеби ќе посака да остане во Русија“.

Извори во „Аерофлот“ потврдија дека патникот со презиме Сноуден лета во Москва со летот SU213 и треба да пристигне во главниот град во 17:00 часот по локлано време. Според зборовите на компанијата, на 24 јуни тој патник треба да полета со летот број SU150 накај Куба.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња