Depeche Mode настапија во Москва со програма од новиот албум

Концерт на познатата британска група во Москва.

Британската група Depeche Mode настапи во Москва во рамките на европската турнеја "Delta Machine", како што е именуван и нивниот последен албум. Концертот се одржи во саботата на стадионот „Локомотив“.

На 26 март годинава, DM го презентираа својот нов 13-ти студиски албум "Delta Machine", на кој критичарите му дадоа доста високи оценки, нарекувајќи го најдобар после нивниот "Violator" од 1990 година.

Билетите за овој концерт во Москва беа продадени цел месец пред концертот. Оваа група за прв пат одржа концерти во Русија во 1998 година, а потоа во 2001, 2006 и 2010 година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња