Руската влада одобри финансии за модернизација на Бајкалско-Амурската и Транссибирската железница до 2018 година. За модернизацијата на овие железници се одвоени речиси 13 милијарди евра, изјавија извори од Руските железници и од владата. Модернизацијата ќе го зголеми капацитетот на тие железници до 50 милиони тони годишно, тврдат изворите. Денес капацитетот за транспорт изнесува околу 18 милиони тони годишно.
Од 13-те милијарди евра, владата ќе издвои околу 40%, а останатите 60% ќе ги издвои Руската железница, кажуваат изворите. Државниот монопол буџетските средства ќе ги добие од стабилизацискиот фонд на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче