Времеплов: на денешен ден во историјата на Русија

Големата татковинска војна.

На 22 јуни 1941 година фашистичка Германија без објава на војна го нападна Советскиот Сојуз. Армијата и населението на државата воопшто не биле подготвени за нападот кој се случи на тој ден пред 72 години. Уште во првиот ден биле уништени 1.200 советски авиони, а командниот состав на Црвената армија поради репресиите на Сталин од крајот на 30-те години  бил составен од командири со мало искуство.

Во првите недели од војната Црвената армија не успеала да го забави напредувањето на противникот. Сепак, кон крајот на 1941 година дошле првите пречки за германската армија. Пресвртот во војната дошол кај борбата за Сталинград и Ленинград, со што се одбележува и почетокот на крајот на фашистичка Германија.

Војната заврши со победа на 8 мај 1945 година, кога беше потпишан акт за капитулација на Германија, а на 24 јуни во Москва на Црвениот плоштад се одржала Парада на Победата.

Втората светска војна го чинеше СССР премногу. 72% од индустријата на Советскиот Сојуз била уништена за време на војната. Повеќе од 1.400 градови и села биле целосно или делумно уништени. СССР загубил 27.000.000 луѓе во војната - колосални загуби наспроти половината милион војници кои ги изгуби војската на САД во истата војна. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.