Владимир Путин изјави дека е потпишан „договор без преседан“ со Кина за испорака на нафта

„Роснефт“ ќе испорача во Кина нафта во вредност од преку 60 милијарди долари.

„Роснефт“ ќе испорача во Кина нафта во вредност од преку 60 милијарди долари. Ова во четвртокот го изјави претседателот на Русија, Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Според неговите зборови, се работи за испорака на повеќе од стотина милиони тони нафта.

Според други податоци, Русија во рок од 25 години може да испорача во Кина 800 милиони тони нафта. Со други зборови, Кина ќе стане најголем купувач на руската нафта во следниве пет години.

„Подготвен е договор кој без претерување може да се нарече „договор без преседан“ со компанијата „Роснефт“, изјави Путин на состанокот со првиот заменик на премиерот на Кина за време на одржувањето на Форумот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња