Путин смета дека револуционерниот метод за добивање гас од шкрилци нема да ја загрози Русија

Револуционерниот метод за добивање гас од шкрилци нема да доведе до сериозни промени на светскиот енергетски пазар, смета претседателот на Русија, Владимир Путин.

Револуционерниот метод за добивање гас од шкрилци нема да доведе до сериозни промени на светскиот енергетски пазар, смета претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Засега не гледам сериозни промени на светскиот енергетски пазар на гас“, изјави Путин на пленарното заседание на Петербуршкиот меѓународен економски форум. Според неговите зборови, трошоците за добивање на овој гас се неколку поголеми од традиционалниот начин на добивање гас. Претседателот истакна дека на американскиот пазар производството на овој гас доведе до извесни позитивни резултати, намалувајќи ја цената на гасот за потрошувачките на 120 долари за илјада кубни метри гас“.

Сепак, претседателот на Русија смета дека овој начин на добивање гас не може сериозно да влијае на светскиот пазар, посебно ако се земат предвид трошоците за негово трансформирање во течна состојба и транспорт - по што се очекува во Европа тој да изнесува 400-450 долари за 1000 кубни метри гас, што е речиси еднакво на цената на гасот кој ја продава „Гаспром“.

Путин исто така истакна дека добивањето на гасот од шкрилци има негативно влијание на природната средина. Овој метод на експлоатација создава прави огромни површини неупотребливи за било што во иднина, и на тој начин се нарушува состојбата на екосистемот на тој терен. Претседателот на Русија смета дека поперспективно е да се насочи енергијата кон експлоатација на гас од потешко достапните места. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.